Top Sport

Боњек: Ѕаниоло ќе прави проблеми во било кој клуб

Поранешниот напаѓач на Рома, а сега потпретседател на УЕФА, Полјакот Збигњев Боњек смета дека ѕвездата на „волчицата“, Николо Ѕаниоло е проблематичен играч, кој ако не го смени својот став ќе прави проблеми во било кој клуб да замине.

Околу 23-годишниот Ѕаниоло има многу шпекулации, откако тој одбива да тренира, а наводно веќе има понуда од Борнмут од 30 милиони фунти за Италијанецот. Боњек во интервју за „Кориере дело спорт“ вели дека е јасно дека Ѕаниоло не е искрен.

„Тој е млад фудбалер со голем потенцијал, но проблем се луѓето околу него, тие кои му кажуваат што да прави и тој прави само погрешни чекори. Жал ми е за него, посебно бидејќи се опорави од повредата на коленото. Но, ако можеш да се залечиш од повреда на мускулот, коленото или стапалото, кога проблемот е во главата не е толку едноставно. Можете да видите дека момчет не е искрено во Рома, тоа се гледа и на теренот. Мора да има подобар став кон работите. Може да успее со Рома, ја има поддршката од Мурињо, но не е подготвен да работи. Ако решил да не игра за Рома, подобро да го продадат. Проблемот останува ист, со тој став ќе прави проблеми во било кој клуб на светот“, вели Боњек.

Scroll to Top