Top Sport

По истрага купувањето на Милан од „Редбрд“!

Финансиската полиција во Италија запленила документи кои се однесуваат на продажбата на Милан на групата американски инвеститори предводени од „Редбрд“, јавува италијанската новинска агенција АНСА, потврдувајќи ја истрагата за уште еден случај на финансиски малверзации во италијанскиот фудбал.

Компанијата на Џери Кардинале, „Редбрд“ купи мнозинство од акциите во Милан од „Елиот менаџмент“ на крајот на август за 1.2 милијарди евра. Истрагата во Италија започнала по пријава на компанијата од Луксембург, „Блу скај“, која претходно била малцински сопственик во клубот.

„Блу скај“ се обидуваше да ја спречи продажбата на славниот италијански клуб преку суот во Милано, но „Редбрд“ реагираше побргу и го склучи договорот за продажба.

Scroll to Top