Претседателот на Полската фудбалска федерација и легенда на Јувентус, Збигњев Боњек вели дека атмосферата околу новата полска сензација, напаѓачот на Џенова Кшиштоф Пјатек е таа од првите месеци од вљубеноста во нова прекрасна девојка.
Пјатек постигна 13 гола во 10 натпреварувачки мечеви за Џенова и Полска оваа сезона, откако во вториот настап за Полска даде гол при 1:3 поразот од Португалија во Лигата на нации.
„Тој е интересен фудбалер и комплетен напаѓач. Меѓутоа, сега ситуацијата наликува на првите месеци од вљубеноста во убава девојка. Првите неколку месеци ги гледаш само убавите работи, прекрасните, а потоа го забележуваш другото. Пјатек е сериозен професионалец, брз, силен и способен. Нема да дава гол секој викенд бидејќи ако продолжи вака би требало да има 56 гола, што не е возможно“, вели Боњек.
Фото: ЕПА