Top Sport

Фифти Сент го „врбува“ Хабиб да направи „трансфер“ во Белатор

Заканата на Хабиб Нурмагомедов дека ќе се откаже од УФЦ ако неговите пријатели бидат суспендирани за инцидентите по победата над Конор Мекгрегор на УФЦ 229, очигледно беа сфатени сериозно кај дел од ММА промотерите, откако Русинот доби понуда да настапува во Белатор.

Хабиб има 27-0 скор во УФЦ шампионатот, но откако му беа задржани 2 милиони долари од наградниот фонд, а доби и привремена суспензија од 10 дена, тој се закани до претседателот на УФЦ, Дејна Вајт дека нема да се бори за нив ако неговиот колега Зубаира Тухугов биде суспендиран.

Според шпекулациите тој веќе добил понуда од WWE, асоцијацијата за „борење“, кај нас попозната како „кечери“, но сега и посериозна понуда од Белатор ММА федерацијата. Раперот Фифти Сент, кој стана амбасадор на Белатор преку Инстаграм по покани Хабиб во оваа федерација.

„Мислам дека е погрешно тоа што УФЦ му го прави на Хабиб, бидејќи не го направија истото со Мекгрегор. Јас вечерва ќе платам 2 милиони во кеш ако тој се бори за мене во Белатор. Договорот со Дејна ќе го средам подоцна. УФЦ не е единственото нешто на светот. Зубаира е добредојден исто така“, напиша Фифти на Инстаграм.

Хабиб кратко одговори: „Само кажи ми каде“, на што Фифти одговори: „Смртно сум сериозен“.

Scroll to Top