Top Sport

Боно го честеше Реал – „Кралскиот клуб“ победи во Севилја

Реал ја победи Севилја со 1:0, во дерби мечот одигран во 12.коло, во Ла Лига. „Кралскиот клуб“ ја прекина серијата од два порази, додека Севилја во три дена го запиша вториот пораз на домашен терен, без да постигне гол.

Пресметката на „Рамон Санчез Писхуан“, понуди добар меч во првото и просечен во второто полувреме. Реал, имаше повеќе шанси, беше многу поконкретен кон кон голот на Боно, со што ја заслужи победата.

Во првите пет минути, играчите на Реал, не реалзиираа две големи шанси, преку Винисиус и Бензема. Во 35 минута, нова шанса не реализираше бензема, Боно го одбрани неговиот удар, а во финишот на полувремето ударот на Корс заврши крај голот.

Севилја не успеа да се закани кон голот на Куртоа во првиот дел, а во второто полувреме, со ножички се обидоа да го совладаат Белгиецот Де Јонг и Окампос.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 55.минута, кога несигурниот Боно со постигна авто-гол.

Реал од 11 одиграни натпревари има 20 бодови, додека Севилја по 10 одиграни натпревари остана на 16 поени.

Scroll to Top