Top Sport

Бонучи: Бев блиску до трансфер во Манчестер сити

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи, открил дека Манчестер сити се обиделе да го реализираат неговиот трансфер минатото лето. Потврдил дека и претходно Пеп Гвардиола работел на неговиот трансфер.

Првиот обид на Гвардиола да го донесе Бонучи на „Етихад“, бил во 2016 година. Како што изјави Бонучи, тогаш бил најблиску до трансфер.

„Имав голема желба Гвардиола да ми биде тренер. Најблиску бевме во 2016 година. Ги имавме разработено сите детали, но Јувентус ја откажа продажбата“, изјавил Бнучи за „Атлетик“.

„Потоа заминав во Милан. Им имав ветено. Пеп повторно ме контактираше минатата година, тогаш го одбив, му кажав дека Јувентус е мојот дом“.

Scroll to Top