Леонардо Бонучи играчот на Јувентус, признал дека претходно во кариерата го одбил повикот на Реал Мадрид.

„Дали е вистина дека си го одбил Реал? Да, Реал ги следеше моите игри и јас сум горд поради тоа. Задоволство е да се знае дека тоа било така“, одговорил на прашањето на „АС“, Бонучи.

Исто така тој уште еднаш повторил колку е воодушевен од Кристијано Роналдо.

„Веднаш се стави во функција на тимот, воодушевен сум од начинот на кој што работи. Секој ден пред и после тренинг ќе го најдете во теретана“.

Бонучи и Јувентус утре ќе му гостуваат на Атлетико во првиот осмина-финален меч во Лигата на шампионите.