Top Sport

Бонучи: Де Лихт покажа непочитување кон Јувентус

Новиот капитен на Јувентус, Леонардо Бонучи, смета дека Матијас де Лихт не го напуштил Торино на вистински начин.

Холандскиот дефанзивец се пресели во Баерн за 67 милиони евра, плус одредени бонуси. Во јувенус Холанѓанецот мина три сезони.

„Заминувањето на Де Лихт не ме изненади, бидејќи од неговите изјави можеше да се заклучи дека тој не сака да остане во Јувентус. Но, тој требаше да покаже повеќе почит кон Јувентус во тие изјави, а не покажа. Затоа што се е засновано на почит. Затоа што три години групата му помагаше да расте како играч и клубот инвестираше во него“, изјави Бонучи.

И кога пристигна во Минхен, Де Лихт продолжи да го „провоцира“ својот поранешен клуб. Тој рече дека неговиот прв тренинг во Баерн бил најсилниот што го одработил во последните четири години. Сепак, Бонучи изјави дека и покрај се му посакува се најдобро на Де Лихт.

„И покрај одредени работи што ги кажа, му посакувам се најдобро. Баерн е голем клуб, но тоа не е гаранција за освојување трофеи“.

Scroll to Top