Top Sport

Бонучи: Додека бев во Милан, сфатив дека треба да бидам во Јувентус

Леонардо Бонучи смета дека неговата една неславна сезона во Милан не била „целосно бескорисна“ и дека му дозволила да стане подобар човек и да сфати дека треба да биде во Јувентус.

Бонучи се искара со тренерот Макс Алегри во финишот на сезоната 2016/17, и направи неочекуван трансфер во Милан следната сезона. Меѓутоа, само една година подоцна тој се врати во Јувентус.

„Тоа беше тешка сезона за мене, лично и професионално. Имаше некои несогласувања, посебно по поразот во Лигата на шампионите и на крајот направив погрешна одлука. Но, морам да кажам дека таа одлука, која имаше влијание на мојата кариера, ме направи подобар човек. Тие месеци во Милан ми дозволија да се преиспитам и да сфатам дека треба да бидам во Јувентус, кои ми се како семејство. Во Милан запознав многу прекрасни луѓе, на првото место Рино Гатузо. Беше тешко, но не и бескорисно. На крајот се вратив дома“, вели Бонучи во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Scroll to Top