Леонардо Бонучи вели дека ќе направи сѐ навивачите на Јувентус повторно да го пејат неговото име уште еднаш повторувајќи дека Торино е „место кое повторно можам да го наречам дом“.
Бекот контроверзно замина од Јуве во Милан пред сезоната 2017/18, но се врати во стариот тим по само една сезона, и дел од навивачите не му простија за „предавството“ и посебно за славењето на голот против Јувентус.
Бонучи пак, беше импресивен на теренот, и во вторникот имаше одлична асистенција до Пауло Дибала за првиот гол при 3:0 победата над Јанг Бојс.
„Сега-засега има мир со навивачите. Свирежите станаа аплаузи и се надевам дека ќе продолжи така. Сега е само до мене. Морам да продолжам да го покажувам моето најдобро на теренот и да се надевам дека ’Курва суд’ повторно ќе го пее моето име како во минатото. Знам дека тоа беше тешка година за нив, но беше и за мене“, вели Бонучи.
Фото: ЕПА