Леонардо Бонучи по една година ќе го напушти Милан. Според исталијанските медиуми, неговиот менаџер, веќе стапил во контакт со ПСЖ.
Бонучи (30) не е премногу среќен што треба да ја напушти Италија, но ситуацијата во која се наоѓа Милан е пресудна што неговиот менаџер ги започнал преговорите со друг тим.
Минатото лето, Бонучи ја шокираше италијанската јавност кога реши да замине од Јувентус и да се пресели во Милан за сума од 42 милиони евра. Веднаш во новиот клуб ги доби омилениот број и капитенската лента.