Top Sport

Бонучи: Ќе разговараме со Роналдо

Леонардо Бонучи не можеше да ги избегне прашањата околу неговиот клупски соиграч Кристијано Роналдо ниту на прес-конференцијата пред мечот на Италија со Босна и Херцеговина в петок, во кој ќе се израмни со легендата на Интер Џанкарло Факети со 94 настапи за „аѕурите“ на деветтото место на вечната листа и ќе биде на четири од 98-те на Џанлука Замброта.

Иако Јувентус тврдеа дека Роналдо се мачи со повреда на коленото по контроверзната замена која ја направи тренерот Маурицио Сари на дербито со Милан (по која Португалецот си замина од стадионот), тој постигна хет-трик за Португалија во мечот против Литванија вечерва. Бонучи вели дека ќе мора да се разговара со Роналдо.

„Јас сакам да гледам напред, а не назад. Ќе има време за зборување, сега е време да се посветиме на националните репрезентации. Тој игра за Португалија што значи дека физички е подобар, а ментално силен како и секогаш. Кога ќе се врати во Торино, ќе најдеме време да разговараме. Има уште многу натпревари на кои ни треба најдобриот Роналдо“, вели Бонучи.

Scroll to Top