Фантастичната низа на Барселона во Евролигата беше прекината на „најлошото“ можно место во Мадрид, откако Реал успеа да ги совлада со убедливи 86:76 во осмото коло од елитното европско натпреварување.

„Кралевите“ имаа совршен старт против лутиот ривал, добивајќи ја првата четвртина со 32:14, но тимот на Светислав Пешиќ успеа да се врати и на полувреме да отиде со предност од два поени (50:48). Сепак, отпорот на каталонскиот клуб беше срушен во третата четвртина и Реал го подобри својот скор на 5-3, додека Барса сега е на 6-2.

Алба Берлин во драматичен меч по дури две продолженија успеа да стигне до гостинска победа 106:105 кај Панатинаикос, за крај на лузерската серија и подобрување на скорот на 2-6. Факундо Кампацо имаше одличен меч со 13 поени и 6 асистенции, а Дек додаде 13 поени и 6 скока за „кралевите“.

Лук Сикма (16 поени) беше човекот за одлука за германскиот тим, откако постигна две слободни фрлања на осум секунди пред крајот по голем број на промени на резултатот во текот на регуларниот меч и во продолженијата. Панатинаикос успеа да израмни во финишот на мечот на 88:88, по што германскиот тим успеа да избори второ продолжение кога Мартин Хермансон израмни на 98:98.

Василије Мициќ имаше одличен натпревар и заедно со Шејн Ларкин го предводеше Ефес до тесна победа од 90:88 над рускиот Зенит на домашен терен откако турскиот клуб за малку ќе пропуштеше предност од 25 поени. Ефес сега има 6-2 скор, додека Зенит само 2-6.

Зенит губеше со 67:42 во третата четвртина, пред со неверојатен кам-бек на 30 секунди на крајот да дојдат само до 85:83. Сепак, Мициќ, кој постигна 24 поени без утка (4-4 за два, 3-3 за три и 7-7 од слободни) успеа да го заддржи мечот под контрола. Ларкин додаде 22 поени.

ЕВРОЛИГА, 8.КОЛО

Химки – Олимпија Милано 87:79 (22:25, 25:26, 18:14, 22:14)

Анадолу Ефес – Зенит Петерсбург 90:88 (21:14, 21:16, 27:20, 21:38)

Панатинаикос – Алба Берлин 105:106 (31:31, 18:27, 20:16, 19:14, 17:18)

Басконија – Макаби Тел Авив 83:113 (21:28, 11:27, 26:31, 25:27)

Реал Мадрид – Барселона 86:76 (32:14, 16:36, 23:14, 15:12)