Top Sport

Бонучи му донесе победа на Јувентус

Јувентус стигна до неочекувано тешка победа од 2:1 над Венеција во Торино. Тимот на Масимилијано Алегри одигра слаб натпревар, но блескаше Леонардо Бонучи кој беше стрелец на двата гола за „старата дама“.

Дефанзивецот донесе водство во седмата минута, а потоа Јувентус како да престана да се интересира за противичкиот гол. Венеција израмни со одличниот погодок на Матија Араму во 71.минута, но пет минути подоцна повторно Бонучи најдобро се снајде по еден корнер и постигна победнички гол за Јувентус.

Scroll to Top