Top Sport

Бонучи му пресуди на Лацио

Фудбалерите на Јувентус го победија Лацио во Рим, во дерби мечот од 13 коло, во Серија А. Херој на победата беше ветеранот Леонардо Бонучи, кој ги постигна двата гола за „страта дама“.

Првиот гол Бонучи го постигна од пенал во 23.минута. Претходно, ВАР интервенираше по стартот на Каталди врз Мората. Шпанецот имаше можност да зголеми на 0:2 во финишот на првиот дел, но не успеа да ја искористи шансата.

Лацио во вториот дел се обидуваше, меѓутоа нападите не беа опасни. Во 83.минута кикс на голманот Рејна, Јуве доби уште еден пенал. Повторно сигурен реализиатор беше Бонучи.

Scroll to Top