Леонардо Бонучи ја имаше првата прес-конференцијата по враќањето во Јувентус, по што мораше да одговара на неколку незгодни прашања по една сезона помината во Милан.
Најважното прашање беше како Бонучи ќе се согласува со тренерот Масимилијано Алгери, со кого имаше расправија во 2016/17 и кој беше една од причината за неговото заминување.
„Нема никакви проблеми. Има разговори кои треба да се одвиваат додека трае сезоната, а веќе се сретнавме и разговаравме за работи поврзани со фудбалот и со други работи. Нашите односи се навистина добро и како интелигентни луѓе, ние сфативме каде згрешивме. Одиме понатаму“, вели Алегри.
#Bonucci: ‘I am a juventino since I was born’#Juve #Juventus pic.twitter.com/ucySlAerrb
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) August 10, 2018
Релација која ќе биде потешко да се поправи е таа со навивачите на Јувентус, бидејќи дел од нив не беа среќни да му посакаат добредојде на својот поранешен херој.
„На крајот на натпреварите секогаш се заблагодарувам на моите фанови. Мојата одлука лани, која беше емоционална, беше направена бидејќи не се чувствував слободно. Знаев дека не можам да бидам свој со такви емоции и затоа ми требаше промена. Промената требаше да ми даде нешто повеќе, но на крајот не беше така. Кога ќе заминеш од своето семејство, од куќата во која си секој ден е навистина тешко. Јас направив чекор назад и покрај другите понуди решив да се вратам во Јувентус. Мојот одговор ќе го дадам на теренот бидејќи сум професионалец. Ќе го бранам дресот на Јувентус како и во претходните години, ништо освен победата не постои за мене“, додава Бонучи.