Top Sport

Продолжуваат лудориите на Јан Улрих – нападнал проститутка во Франкфурт

Поранешниот шампион од Тур де Франс, Јан Улрих е уапсен за напад на проститутка во Франкфурт, уште еден неславен момент на еднаш големиот спортист.

„Тој е во притвор, а при апсењето бил под дејство на алкохол и дроги“, изјави полицискиот портпарол за „АФП“.

44-годишниот Германец, кој ја освои славната трка во 1997 година, беше уапсен и минатиот петок на Мајорка откако прескокна ограда на својот сосед и му се закануваше, за што се правдаше дека сакал само да разговара со соседот Соседот бил германскиот актер и режисер, Тил Швајгер, актер во филмот на Квентин Тарантино, „Неславни копилиња“, кој откри дека нема да го тужи својот „добар пријател“.

Инцидентот во Франкфурт пак се случил во луксузен хотел, каде што Улрих се расправал со проституката по што ја нападал и ја повредил.

Неодамна, во интервју за германскиот магазин „Билд“, Улрих призна дека е во „депресија“ по разделбата со својата сопруга и изјави добива психијатриска помош по проблемите со дрогата и алкохолот.

Кариерата на Германецот исто така беше контроверзна, со голем број на обвинувања за допингување. Тој останува единствен Германец со титула на Тур де Франс, а освои злато и на уличната трка и сребро во трката на хронометар на Олимпијадата во Сиднеј во 2000 година. Во 2013 година тој призна дека се допингувал и доби двегодишна суспензија.

Scroll to Top