Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи, поднел жалба до Италијанскиот олимписки комитет поради нефер односот на клубот кон него, пишува „Газета дело спорт“.
Како што е познато, неодамнешниот капитен на тимот беше ифрлен од првиот тим и поради тоа му беше дозволен пристап до клупската база дури после 19:30 часот за индивидуален тренинг. Дефанзивецот испрати официјално писмо до клубот во кое бара да му биде дозволено да тренира со соиграчите.
Бидејќи Бонучи смета дека неправедно бил отстранет од тимот, тој се обратил до Италијанскиот олимписки комитет, бидејќи верува дека ќе добие пресуда да биде вратен во тимот.
Ветеранот тврди дека е прекршен членот 7 од колективниот договор за заштита на правата на италијанските фудбалери, кој забранува неоправдано исклучување од тренажниот процес.
Постои дури и можност да му биде досудена отштета во негова корист, која не може да е помала од 20% од неговата бруто годишна плата.
Италијанскиот весник „Тутоспорт“ тврди дека ветеранот уште во април бил информиран дека не е дел од плановите на клубот и му било понудено почесно испраќање на последниот првенствен натпревар минатата сезона, но тој го одбил со надеж дека ќе остане и оваа сезона во торинскиот гигант.