Фудбалерот на Јувентус, Леонардо Бонучи признава дека во Премиерлигата се игра фудбал „со повисоко темпо и ритам“ отколку во Серија А, откако Јуве иако заврши како прв во својата група во Лигата на шампионите пред Челси, доживеа тежок 4:0 пораз на гостувањето на „Стемфорд Бриџ“.
„Игравме пред некое време во Лондон со Челси и загубивме 4:0. Тие имаат повисок ритам на игра, играат пофизички фудбал. Веднаш мораш да се адаптираш од нашата лига кога се среќаваш со такви тимови и не успеавме да го направиме тоа“, вели Бонучи.