Top Sport

Шампионот од Џиро Д’Италија, Бернал во болница со сериозни повреди!

Колумбискиот велосипедист Еган Бернал, шампионот од Тур де Франс 2019 и од Џиро Д’Италија 2021, е во болница во престолнината Богота откако на тренинг се судрил со паркиран автобус, потврди неговиот тим, Инеос.

„Еган Бернал е однесен во болницата по инцидентот на тренингот ова утро. Бернал тренира во близината на својот дом, за среќа бил придружуван од медицинскиот тим на Инеос и е во стабилна состојба во болницата“, велат од тимот.

Според шпанска „Марка“, Бернал добил скршеница на коленото и на бутната коска. Бернал стана првиот Јужноамериканец со победа на Тур де Франс во 2019 година, пред лани да ја освои својата втора голема трка во Италија.

Scroll to Top