Top Sport

Бонучи се извини за хаосот кој го оставиле во соблекувалната по поразот од Македонија

Дефанзивецот на Јувентус и на италијанската репрезентација, Леонардо Бонучи се извини во името на своите соиграчи по критиките за состојбата во која фудбалерите ја оставиле соблекувалната по поразот од Македонија во Палермо во четвртокот.

Фотографиите и видеата од соблекувалната предизвикаа скандал во Италија, откако имаше десетина фрлени пластични шишиња по подот, остатоци од храна и марамчиња и дури пикавци.

„Тоа беше голема грешка, следниот пат ќе внимаваме повеќе. Бевме многу разочарани и не помисливме дека такви детали ќе направат разлика. Дефинитивно ќе внимаваме повеќе во следните мечеви и се извинуваме“, изјави Бонучи.

Бонучи, исто како селекторот Роберто Манчини потврдија дека ќе останат во репрезентацијата. Манчини има договор до 2026, додека Бонучи изјави дека сака да биде „ментор“ на младите фудбалери кои ќе дојдат во репрезентацијата.

Италијанците оставиле хаос во соблекувалната по поразот од Македонија

Scroll to Top