Top Sport

Италијанците оставиле хаос во соблекувалната по поразот од Македонија

На критиките кон италијанските фудбалери по спектакуларниот пораз од Македонија им нема крај, откако на социјалните мрежи се разви дискусија за тоа во каква состојба ја оставиле соблекувалната на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо по шокантната елиминација.

На фотографиите има десетина празни пластични шишиња, влажни марамчиња, остатоци од храна и дури пикавци, предизвикувајќи осуда кај коментаторите.

Scroll to Top