Леонардо Бонучи доби аплаузи од навивачите на Јувентус на славната „Курва суд“ трибина по победата над Лацио, откако се појавија снимки како тој се извинува на навивачите.
Бонучи си замина од Јувентус минатото лето за да стане капитен на Милан, и кога постигна гол против својот поранешен клуб славеше контроверзно. Сепак, тој се врати во Торино само 12 месеци подоцна со трампа за Матија Калдара.
Дел од навивачите на Јувентус не му простија на дефанзивецот и тој доби свирежи на гостувањето во Верона кај Киево и на загревањето за саботниот меч.
Сепак, видеото кое се појави на Интернет покажува дека недоразбирањата се надминати по неговите гестикулации кон „Курва суд“.
Bonucci apologizing to & then applauding the Juventus fans after the win vs Lazio. Bravo @bonucci_leo19. pic.twitter.com/jBokU1btvc
— Tarek Khatib (@ADP1113) August 25, 2018
#Bonucci chiede scusa alla #CurvaSud, dalla curva arrivano i primi applausi.#JuveLazio pic.twitter.com/ZUVodLXjpI
— La Maglia Bianconera (@La_Bianconera) August 27, 2018
Бонучи: Никогаш нема да заборавам што значи враќањето во Јуве