Top Sport

Бонучи: Никогаш нема да заборавам што значи враќањето во Јуве

Иако дел од навивачите не го прифатија најдобро неговото враќање во клубот, Леонардо Бонучи ветува дека „никогаш нема да заборави“ што значи враќањето во Јувентус по само една сезона со Милан.

Бонучи во четвртокот се врати во Јуве, по една сезона во Милан, и ќе треба да направи многу повеќе од неколку изјави да ја врати довербата на фановите на „старата дама“.

„Секое патување завршува со враќање дома. Верувајте нема да заборавам да се заблагодарам на тие кои ме подржуваа минатата сезона. Исто така, од денеска нема да заборавам да покажам со напорна работа дека желбата за враќање не е само желба. Ова уште за мене е мојот дом“, напиша Бонучи на Твитер.

„Новиот Милан“ се пофали со Калдара и Игуаин, Бонучи исвиркан во Торино

Scroll to Top