Top Sport

Бонучи си оди од Јувентус, но ќе остане во Серија А

Леонардо Бонучи се уште нема клуб, откако Јувентус му соопшти дека не смета на него во новата сезона. Со денови се пишуваше дека ветеранот ќе го напушти клубот и ќе потпише за Унион Берлин.

Германскиот клуб, сезонава ќе игра во Лигата на шампионите. Наводно само са потписот на договорот Унион Берлин на Бонучи му понудиле 1.500.000 евра.

Италијанските медиуми, пишуваат дека можно е Бонучи во последен момент да ја смени одлуката. Имено, Џенова, седумкратниот шампион на Италија е заинтересирана за неговите услуги.

Бонучи е член на Јувентус од 2010 година, со исклучок на една сезона помината во Милан.

Scroll to Top