Трансферот на Лионел Меси во Пари Сен-Жермен нема врска со тоа дали Кристијано Роналдо ќе остане во Јувентус и по крајот на сегашниот договор, вели неговиот соиграч Леонардо Бонучи.
И ова лето имаше шпекулации дека и Јувентус и Роналдо се подготвени за разделба, со ПСЖ како една од опциите, но тоа сега е невозможно.
„Мислам дека Кристијано ќе останеше дури и Меси да не отидеше во ПСЖ. За нас, тој секогаш е многу вреден и верувам дека оваа година ќе помогне да ги оствариме нашите цели. Сакаме да го вратиме скудетото дома. Кога играш за Јувентус, тоа мора да е првата цел, а потоа и титулата од Лигата на шампионите“, вели Бонучи за „Ла газета дело спорт“.