Top Sport

Постерите на Меси се отстрануваат од „Ноу Камп“, но дресовите уште се на продажба

Ако во градот Барселона уште не им беше јасно дека заврши една ера, треба само да прошетаат до „Ноу Камп“, од каде што уште денеска, кога беше објавен договорот на Лионел Меси со Пари Сен-Жермен, се тргаат банерите со неговиот лик.

Секако, правата на ликот на аргентинската фудбалска легенда веќе ги немаат во Каталонија, иако тој од својата 13-та година беше дел од „блауграна“, така што е логично сите негови ликови да се отстранат.

Сепак, во фан-шопот во Барселона, уште ги немаат тргнато легендарните дресови со бројот 10. Додека не се потрошат?

Scroll to Top