Top Sport

Бонучи во Унион Берлин?

Германскиот бундеслигаш Унион Берлин оваа сезона ќе игра во Лигата на шампионите откако лани заврши на четвртото место на табелата. Тие сакаат да донесат искусни играчи во клубот, а една од нивните цели е легендарниот стопер на Италија и Јувентус Леонардо Бонучи.

Неговиот договор истекува следното лето и Јувентус не смета на него. Неговата вредност е 1,5 милиони евра, па раководството се труди да го убеди да се пресели во Германија.

Бонучи поднесе жалба до Италијанскиот олимписки комитет, поради односот на Јувентус кон него како фудбалер. Иако има договор, на него не му е дозволено да тренира со првиот тим.

Scroll to Top