Top Sport

Борац од Бања Лука се распрашувале за Аврамовски

Медиумите во Босна и Херцеговина го поврзуваат најдобриот играч на Вардар оваа сезона Даниел Аврамовски со трансфер во Борац од Бања Лука. Борац првиот дел од сезоната во БиХ го заврши на третото место со 35 поени, еден помалку од Железничар и Сараево.

Вардар е во финансиска криза, но тоа не им пречеше на фудбалерите есенскиот дел од сезоната да го завршат на првото место со осум бода повеќе од Шкендија.

Она што дополнително ги влоѓува проблемите е најавата на Сергеј Самсненко дека повеќе нема да го спонзорира клубот. Оваа информација тој наводно им ја соопштил на играчите минатата недела на подготовките во Анталија. Се шпекулира дека тој им порачал на фудбалерите дека можат да си барат нови клубови.

Борац од Бања Лука имаат големи амбиции, ја посакуваат титулата во БиХ, поради што челниците се обидуваат дополнително да го засилат тимот. Еден од фудбалерите што сакале да го донесат е Даниел Аврамовски од Вардар. Неофицијално од Бања Лука веќе ги започнале преговорите околу евентуалниот трансфер, пишува порталот „sportsport.ba“.

Аврамовски сезонава на 18 натпревари постигнал девет гола и забележал шест асистенции.

foto/fkvardar.mk

Scroll to Top