Top Sport

Францускиот клан е виновен за расколот во Барселона

Ерик Абидал, со интервјуто во најтиражниот спортски весник во Каталонија „Спорт“, предизвика големо незадоволство кај фудбалерите на Барселона, а нетипично за него прв реагирал и тоа на социјалните мрежи Лионел Меси.

Абидал открил дека лошите односи во соблекувалната помеѓу играчите и тренерот биле единствената причина поради која Ернесте Валверде добил отказ.

„Многу фудбалери не беа среќни и не работеа најдобро, а имаше и проблем со внатрешната комуникација. Односите меѓу тренерот и фудбалерите секогаш беа добри, но како поранешен фудбалер чувствував дека нешто не е во ред. Го пренесов тоа на главните луѓе и моравме да донесеме одлука“, изјавил Французинот.

Оваа изјава толку го налутила најдобриот играч на Барселона Лионел Меси што тој се огласил со порака на „Инстаграм“.

Порачал дека играчите се одговорни за она што се случува на теренот, но и дека луѓето од спортскиот сектор треба да понесат одговорност. На Абидал му порачал дека треба д аги каже имињата на фудбалерите кои не биле задоволни од начинот на кој што работел претходниот тренер.

„Кадена СЕР“ открива дека информации за Валверде Абидал добивал од француските фудбалери.

„Францускиот клан се жалел кај Абидал дека екипата не тренира доволно. Тер Штеген веќе подолг период е загрижен поради чувството дека тимот се разединува“, пишува „Кадена СЕР“.

Сонародници на Абидал во Барселона се Клеман Ленгле, Самуел Умтити, Усман Дембел и Антоан Гризман.

Scroll to Top