Top Sport

Борац прва „жртва“ на новото правило на УЕФА

Фудбалерите на Борац од Бањалука, не успеаја да се пласираат во второто квалификациско коло, во Лигата на шампионите. Две минути ги делеа фудбалерите на Борац од изведување на пенали против фаворизираниот Клуж.

Првиот меч во Романија заврши со победа на Клуж од 3:1, а во реваншот Борац имаше 2:0, а во продолженијата Романците се спасија со евро-голот кој го постигна Чипчију во 118.минута.

Борац е првата жртва на новото правило на УЕФА. Од оваа сезона, правилот гол во гости повеќе не важи.

Инаку, Борац, за само четири минути дојде до можноста да приреди сензација, со головите на Врањеш во 60. и Мораитис во 64.минута.

Днамо Загреб, забележа победа над Валур 2:0. Динамо првиот меч во Загреб го доби со 3:2, а во реваншот славеше со головите на Иванушец во првото и Оршиќ во претпоследната минута од натпреварот.

Во второто коло, Динамо ќе игра против Омонија.

Scroll to Top