Top Sport

Борба за трофејот и за голема парична награда

Реал Мадрид и Ливерпул вечерва ќе се борат не само за титулата во Лигата на шампионите, туку и за голема парична награда.

Според многумина, двете најдобри екипи во светот се среќаваат на финалето во Париз од 21.15 часот. Мадриѓаните одат по рекорден 14. трофеј, Ливерпул по седмиот. Според обложувалниците фаворит е тимот на Јирген Клоп.

Освојувачот на трофејот ќе слави со денови, а посебен мотив се парите што ќе ги добие за победата.

Победникот од овогодинешната ЛШ ќе добие 22,6 милиони евра. Клубот кој ќе биде поразен ќе добие 17,5 милиони евра. Покрај тоа, Ливерпул ќе добие 24,4 милиони за рангирањето на УЕФА и 18,4 милиони за телевизиските права по финалето. Во случајот со Реал тие суми се 35,5 милиони односно 13,2 милиони.

Вреди да се додаде дека и двете екипи во овогодинешната ЛШ веќе заработија вкупно околу 180 милиони евра за спортските достигнувања.

Англичаните сезонава заработија 91,44 милиони евра, а Реал Мадрид 88,27 милиони евра. По финалето овие суми ќе се зголемат уште повеќе.

Во случај на победа на Ливерпул нивната вкупна заработка ќе изнесува 139,34 милиони евра, а кај Реал 142,07 милиони евра.

УЕФА издвои вкупно две милијарди евра за бонуси, кои се делат на сите учесници, но секако најмногу за оние кои стигнаа до самиот крај.

Scroll to Top