Top Sport

Бордалас замина во Валенсија, Хетафе го вратија Мичел

Валенсија и Хетафе, во четвртокот, објавија дека имаат нови тренери.

Валенсија наредната сезона ќе ја предводи Пеп Бордалас. овој темпераментен тренер, кого во Мадрид го нарекуваа „малиот Симеоне“, на „Местаља“ пристигна од Хетафе. Бордалас, пет сезони, со многу успех го водеше Хетафе.

Челниците на Хетафе експресно реагира по заминувањето на Бордалас и на неговото место го вратија Хосе Мигел Гонзалес, во Шпанија познат како Мичел.

Мичел, во минатото две и пол години бил тренер на клубот од Мадрид. Со Хетафе, учествувал во Лига Европа и играл во полу-финалето во Купот на Шпанија.

Scroll to Top