Top Sport

Бордо и Лион без голови на стартот на третото коло

Бордо и Лион одиграа реми без голови на „Матму атлантик“ во првиот меч од третото коло во француската Лига 1, меч по кој двата клуба останаа непоразени во националниот шампионат.

Со поенот, Бордо е на второто место на табелата со три одиграни меча, една победа и две ремија, додека Лион се на третото место со 4 поени по два одиграни меча и една победа и едно реми. Лидер е Ница со две победи во два меча.

Scroll to Top