Top Sport

Гатузо: За Милик нема место, но Кулибали може да остане

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо потврди дека Аркадијуш Милик веќе не е дел од неговиот тим, но посочи дека Калиду Кулибали ќе остане во јужна Италија доколку не се постигне вистинската цена која ја бара клубот.

Милик не беше во тимот кој денеска со 4:0 ја победи Пескара во пријателски меч и преговара со Рома, Јувентус и Тотенхем, но околу Кулибали во Наполи немаат подготвеност да ја намалуваат неговата цена во преговорите со богатите Пари Сен-Жермен и Манчестер сити.

„Бевме јасни со Милик минатата година и му кажавме дека треба да го обнови договорот, но тој го одби тоа. Ако Арек не најде нов клуб, тогаш нема да биде лесно за него, бидејќи веќе потпишавме договори со двајца напаѓачи. За него нема место. Околу Кулибали, има цена која клубот ја бара, и ако не се постигне, тогаш тој ќе остане со нас“, вели Гатузо.

Scroll to Top