Top Sport

Бордот на Баерн одобри 200 милиони евра за трансфери, две засилувања веќе договорени!

Баерн Минхен уште е во трка со Борусија Дортмунд за титулата во германската Бундеслига, но тоа нема да го задоволи германскиот гигант, чиј борд наводно веќе одобрил 200 милиони евра за трансфер-активност во текот на летото, а германските медиуми тврдат дека два договори се веќе комплетираи.

Баерн има освоено шест титули во низа во Германија, но елиминацијата од Ливерпул во Лигата на шампионите беше тешко да се „проголта“. Според „Билд“, Баерн веќе ги договориле Бенжамин Павар од Штутгарт и Тео Ернандез од Атлетико Мадрид, плус веќе подолго време работат да го донесат и Тимо Вернер од РБ Лајпциг на „Алијанц арената“.

Покрај овие трансфери, речиси сигурно е дека и колумбиската ѕвезда Хамес Родригез ќе остане во Баварија, откако Баерн ќе ја активира клаузулата во нивниот договор за позајмица од Реал Мадрид и нема да дозволи тој да се врати во Шпанија.

Scroll to Top