Експериментот на Спортинг Лисабон со Жоао Переира доживеа фијаско. „Лавовите“, во понеделникот одиграа 0:0 со Жил Висенте, подоцна Бенфика победи и го презеде лидерското место на табелата.
Падот на Спортинг започна со заминувањето на Рубен Аморим во Манчестер јунајтед. Со Аморим, Спортинг имаше добра позоција да избори место меѓу најдобрите осум во Лигата на шампионите, во првите четири кола тимот освои 10 поени, но со Переира ги загуби наредните два.
Клупскиите челници свесни за грешката што ја направија решија експресно да делуваат, му врачија отказ на Переира. Негов наследник ќе биде Руи Боргес.
Станува збор за 43-годишник кој минатото лето пристигна во Виторија Гимараеш од Мореиренсе, со кој заврши на шестото место на табелата. Тој ја продолжи одличната работа во својот нов клуб, бидејќи Виторија во моментов е и шестопласирана во португалското првенство и првата фаза во Конференциската лига ја заврши без пораз, со четири победи и две нерешени, на второто место веднаш за Челзи.
Иако веќе има осум клуба во своето тренерско резиме, кариерата на Боргес допрва започнува. Се очекува Спортинг официјално да го промофира Боргес во текот на денот.