Голманот Милан Борјан има договор со Црвена ѕвезда до 2022 година, но клубот во случај на добра понуда ќе му дозволи трансфер.
Токму таква понуда во Црвена ѕвезда пристигнала од Саудиска Арабија. Ал Ахли од Џеда за репрезентативецот на Канада понудиле два милиони евра. Доколку трансферот биде реализиран Борјан ќе добие три пати поголема плата од онаа што ја има во актуелниот клуб.
Ал Ахли од клупата го предводи поранешниот играч на Тотенхем, Базел и Штутгарт, Швајцарецот Кристијан Грод.
Борјан има 32 години, а во Црвена ѕвезда пристигна во 2017 година од Лудогорец.