Top Sport

Борусија Дортмунд го „шутна“ тренерот Фавр

Како што се очекуваше, Борусија Дортмунд му врачија отказ на тренерот Лусиен Фавр по вчерашниот срамотен 1:5 пораз од Штутгарт во Бундеслигата.

„Милионерите“ потврдија дека едногласно е донесена одлука да се прекине соработката со Фавр и со неговиот помошник, Манфред Штефес.

„Благодарни сме на Лусиен за неговата фантастична работа во последните две и пол години, во кои двапати го освои второто место во Бундеслигата. Како професионалец и како личност, нема сомнежи околу Лусиен Фавр“, изјави извршниот директор на клубот, Ханс-Јоаким Вацке.

Според германските медиуми, до крајот на сезоната на клупата на „милионерите“ ќе биде Един Терзиќ, поранешниот помошник на Славен Билиќ.

Scroll to Top