Top Sport

Борусија Дортмунд има проблеми со коронавирусот

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд се соочува со проблеми со коронавирусот. Дефанзивецот Рафаел Гереиро покажал позитивен тест на Ковид-19, соопшти клубот.

Португалскиот интернационалец веднаш е префрлен во самоизолација, а и уште еден одбранбен играч на Борусија, Матс Хумелс, е во карантин со симптоми на болеста. Тој се уште не го добил резултатот од ПЦР – тестот.

На следниот натпревар од Бундеслигата, „милионерите“ гостуваат кај Арминија Билфелд на 13 март.

Scroll to Top