Top Sport

Бабиќ: Ракометарите покажаа победнички карактер против АЕК

Македонскиот ракометен претставник Еурофарм Пелистер убедливо го совлада АЕК Атина во последното коло од групната фаза во ЕХФ Лигата на Европа и како второпласиран тим се пласираше во следната фаза. Хрватскиот Нексе ќе биде ривалот на „пелистерци“ на стартот од нокаут фазата.

Тренерот Жељко Бабиќ е задоволен од изданието на ракометарите.

„Беше задоволство да се игра против АЕК оваа сезона и беше задоволство да се гостува и во Атина, и да се игра тука во Битола. Што се однесува до мечот, благодарен сум до небо на сите во Еурофарм Пелистер, моите ракометари уште еднаш покажаа карактер. Секељи можеби беше клучен, но сакам да ја потенцирам одбраната која заврши добра работа. Карактерот и одбраната го добија натпреварот со АЕК. Секако, благодарност и до нашите навивачи за големата поддршка“, изјави Бабиќ.

Scroll to Top