Top Sport

Борусија Дортмунд ќе мора без Белингем во мечот за освојување на титулата?

Тренерот на лидерот во германскиот фудбалски шампионат, тимот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, изјави дека настапот на англискиот репрезентативец Џуд Белингем, кој се мачи со повреда на коленото, на саботниот натпревар против Мајнц во последното коло од Бундеслигата сѐ уште е неизвесен. Борусија би можела да ја освои првата титула шампион на Германија по 11 години, околку стигне до триумф.

Белингем не играше ниту пред четири дена во победата од 0:3 против Аугсбург, со која Борусија Дортмунд го презеде врвот на табелата со два бода повеќе од второпласираниот Баерн, кој освои 11 титули по ред во германскиот шампионат.

„Џуд успеа да ги засили тренинзите овие денови, што е добар знак. Дефинитивно сакаме тој да биде вклучен во тимот за сабота. Меѓутоа, последниот збор ќе го имаат лекарите“, изјави Терзиќ.

Саботниот натпревар против Мајнц би можел да биде последен во дресот на Борусија Дортмунд за 19-годишниот Белингем, со оглед дека за него е заинтересиран Реал Мадрид.

Белингем оваа сезона настапи на 31 натпревар за Борусија Дортмунд во Бундеслигата и постигна осум гола.

 

Scroll to Top