Top Sport

Борусија Дортмунд влезе во четврт-финалето на Германскиот куп

Борусија Дортмунд се пласираше во четврт-финалето на германскиот ДФБ куп, по 2:1 победата на гости кај второлигашот Бохум благодарение на капитенот Марко Ројс.

„Милионерите“ дојдоа во водство во финишот на првото полувреме, кога Емре Џан постигна гол од огромна далечина користејќи ја лошата полажба на голманот на домаќините. Сепак, Бохум успеа да израмни во 64. минута со гол од пенал на Кевин Штогер, пред Ројс да ја обезбеди победата во 70. минута.

Scroll to Top