Top Sport

Борусија го „згази“ Атлетико, Ди Марија го спасуваше ПСЖ, Звезда пак „потопена“ (видео)

Пари Сен-Жермен и Наполи го одиграа најинтересниот натпревар во третото коло во Лигата на шампионите, откако „светците“ мораа да се спасуваат со гол во 93. минута (Анхел ди Марија) за 2:2 реми. Ова дозволи Ливерпул да се искачи на првото место во групата Ц, откако му даде четири „парчиња“ на српскиот шампион Црвена звезда.

Лоренцо Инсиње рано донесе водство за тимот на Карло Анчелоти во првото полувреме, а откако тимот на ѕвездите од Париз израмни преку автогол во 61. минута, белгиската гол-машина Дрис Мертенс во 77. минута донесе водство за „партенопеи“, пред Ди Марија во 93. минута да ги спаси „светците“.

Ливерпул, пак, му го нанесе вториот висок пораз на Црвена звезда (по тој од 6:1 од ПСЖ), откако Мо Салах постигна два гола, а по еден додоа Садио Мане и Роберто Фирмино за „црвените“ да стигнат до убедлива победа.

Ако оваа висока победа беше очекувана, тогаш ретко кој ќе се обложеше дека Борусија Дортмунд ќе му нанесе 4:0 пораз на актуелниот шампион од Лига Европа и од Суперкупот на УЕФА, Атлетико Мадрид. Гуериро двапати, Вицел и Санчо ги потопија „јорганџиите“ на преполниот „Сигнал Идуна Парк“, за Борусија да го преземе првото место на табелата пред Атле.

Дербито во групата Б помеѓу Барселона и Интер, овојпат без Лео Меси, заврши со 2:0 победа на Каталонците, по кои тие ја имаат предноста и првото место со максимален учинок. Рафиња и Жорди Алба беа стрелци за Барса.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КОЛО

ГРУПА А

Борусија Дортмунд – Атлетико Мадрид 4:0

Табела: 1.Борусија 9, 2.Атлетико М. 6, 3.Монако 1, 4.Бриж 1

ГРУПА Б

Барселона – Интер 2:0

Табела: 1.Барселона 9, 2.Интер 6, 3.Тотенхем 1, 4.ПСВ 1

ГРУПА Ц

Ливерпул – Црвена звезда 4:0

Пари Сен-Жермен – Наполи 2:2

Табела: 1.Ливерпул 6, 2.Наполи 5, 2.ПСЖ 4. 4.Црвена звезда 0

ГРУПА Д

Галатасарај – Шалке 0:0

Локомотив Москва – Порто 1:3

Табела: 1. Порто 7, 2.Шалке 5, 3.Галатасарај 4, 4.Локомотив М. 0

Scroll to Top