Top Sport

Борусија ја најде замената за Халанд

Борусија Дортмунд го најде играчот кој ќе го замени Ерлинг Халанд. „Милионерите“ во своите редови имаат желба да го донесат 18-годишниот Карим Адејеми.

Играчот на Слацбург, синоќа, играше против Македонија во Скопје. Адејеми во 61.минута влезе на теренот, на местото на Каи Хаверц, а во 83.минута му асистираше на Џамал Мусиала, кој го постигна четвртиот гол за Германија.

Борусија ќе се обиде да го донесе во зимскиот преоден рок, бидејќи е реално наредното лето да останат без Халанд.

Адејеми е проценет на 20 милиони евра.

Фото/archysport.com

Scroll to Top