Top Sport

Борусија ја одби понудата од Минхен за Јан Зомер

Јан Зомер нема да го засили Баерн Минхен во овој преоден рок. Баварците се во потрага по голман откако Мануел Нојер ја заврши сезоната.

Спортскиот директор на Борусија Роланд Виркус изјави дека швајцарскиот голман Зомер останува во фудбалскиот клуб од Менхенгладбах, пренесуваат германските медиуми.

Зомер има договор со Борусија до крајот на сезоната, а кариерата требаше да ја продолжи во Баерн. Баерн и Борусија наводно пред неколку дена се договориле Швајцарецот да го засили германскиот шампион за пет милиони евра, но челниците на клубот од Менхенгладбах се предомислиле.

„Нема да го пуштиме Зомер во Баерн. Веќе го информиравме раководството на Баерн“, изјави Виркус.

Германските медиуми тврдат дека челниците на Баерн ќе се обидат да ги убедат претставниците на Борусија да се вратат на преговорите.

Во случај Борусија да остане на својот став, раководството на германскиот шампион ќе се обиде да го врати Александер Нибел кој се наоѓа на позакмица во Монако.

Scroll to Top