Top Sport

Борусија ја спаси честа на домашните тимови

Успешно саботно попладне за гостинските екипи во Бундеслигата. Забележаа четири победи на петте одиграни натпревари. Честа на домашните тимови ја спаси Борусија Дортмунд.

Баерн Минхен, во чуден меч, славеше над Херта во Берлин со 3:2. Сите голови беа постигнати во првото полувреме. Баерн имаше 0:3, два гола постигна Чупо-Мотинг, еден Мусијала. Херта потоа за пет минути постигна два гола преку Лукедадио и Шетле.

Тинејџерот Мукоко блескаше во победата на Борусија, над Бохум. Мукоко постигна два гола во победата 3:0.

Ајнтрахт со пресврт и со головите на Роде и Кануф победи кај Аугсбург.

Двоен стрелец во ова коло беше и Нкунку од Лајпциг. Тој го предводеше својот тим со победата кај Хофенхајм.

Вимер, Баку и Арнолд ги постигнаа головите со кои Волфсбург забележа чста победа во Мајнц.

Scroll to Top