Top Sport

Борусија како Ливерпул – од 4:0 на 4:4 (видео)

Маките на Борусија Дортмунд никако да сопрат. Ако Ливерпул успеа од 3:0 водство да одигра 3:3 со Севилја во ЛШ, мечот на БВБ против Шалке беше уште подраматичен – „милиoнерите“ имаа 4:0 водство, на крајот мечот заврши 4:4.

Локалното дерби на Рур, попознато како „Ревиердерби“ во Германија, не разочара со возбудите и со головите.

Пјер-Емерик Обамејанг по суспензијата и проблемите со дисциплината се врати со гол во 12-тата минута за да го постигне својот 96. гол во Бундеслигата, израмнувајќи го рекордот за африкански фудбалер во германската прва лига. Габонецот сега е израмнет со поранешниот напаѓач на Ајнтрахт, Тони Јебоах.

Бенжамин Стамбули со постигна автогол во 18-тата минута, по што Обамејанг само две минути подоцна го најде Марио Геце за 3:0 по само 20 минути. Рафаел Гвереиро во 25. минута донесе 4:0 за лудило на „Сигнал Идуна парк“, и изгледаше дека мечот е завршен.

Меѓутоа, Шалке не мислеше така. Два брзи гола во 61. и 63. минута го намалија водството на 4:2, Даниел Калигури во 86. минута намали на 4:3, пред Налдо со удар во главата да израмни во 94. минута.

Со освоениот поен, Борусија остана на четвртото место во Бундеслигата со 21 поен, седум помалку од Баерн Минхен, кој подоцна го игра дербито со Борусија Менхенгладбах, додека Шалке се на третото место со 24 поени.

БУНДЕСЛИГА, 13.КОЛО

Аугзбург – Волфсбург 2:1

Борусија Дортмунд – Шалке 4:4

Ајнтрахт – Баер Леверкузен 0:1

Фрајбург – Мајнц 2:1

РБ Лајпциг – Вердер 2:0

Scroll to Top