Top Sport

Борусија не го дава Халанд

Себастијан Кел, спортскиот директор на Борусија Дортмунд, ги негира шпекулации дека Ерлинг Халанд ќе го напушти клубот. Кел рекол дека Борусија, во летниот преоден рок, ќе се обиде да донесе квалитетна замена за Џејдон Санчо, кој се пресели во Манчестер јунајтед.

„Нема никакви новини кога е во прашање статусот на Халанд. Тој е дел од нашите планови, наскоро се враќа во тимот. Сака да игра фудбал, кај нас се чувствува комфорно. Работиме на пазарот да најдеме замена за Санчо. Сакаме играч кој како и Санчо ќе се развие во фудбалер од светска класа“, рекол Кел.

Вчера, англиските медиуми, објавија дека Челси испратиле понуда во Дортмунд за Халанд, вредна 175 милиони евра.

Халанд (20), во Борусија е од јануари 2020 година. Минатата сезона на 41 натпревар постигнал исто толку голови.

Scroll to Top