Top Sport

Борусија пак го „дисциплинира“ Обамејанг

Пјер-Емерик Обамејанг е изоставен од тимот на Борусија Дортмунд за денешниот меч со Волфсбург поради „дисциплински причини“, откако германските медиуми објавуваат дека тој пропуштил тимски состанок во саботата, пред да си замине прерано од треингот.

Ова е третпат оваа сезона габонскиот интернационалец, кој има 21 гол во 23 натпревари оваа сезона да биде исфрлен од составот поради неговото однесување, но последната суспензија повторно ги „подгрева“ шпекулациите дека тој ќе замине во текот на јануарскиот преоден рок, со кинескиот тим Гуангжу Евергранде како можна дестинација, откако тие понудија 70-тина милиони евра за неговите услуги.

28-годишниот Обамејанг беше исклучен од тимот за дуелот со Штутгарт во ноември, кога повторно не беше дадено објаснување. Обамејанг има 98 гола за Дортмунд откако дојде во германскиот клуб во јули 2013 година.

Scroll to Top